петок, 27 декември 2024

Срна Николиќ Ристова

Објавено на

часот

Сподели


Додека студира, Срна и работи, а по работа излегува и како што вели „се журка“, зашто сака да е дел од многу настани.
Комуникативна е и не може да си го замисли секојдневието доколку тоа е монотоно, напротив, таа сака времето да ѝ е исполнето до секоја секунда.


Верува дека во Македонија од манекенство би можело да се живее, но тоа е само одреден период во животот на една девојка. За Срна е поважно да се образува, да се надоградува и да успее да изгради статус во општеството.

Се облекува во зависност од пригодата и времето во денот, дискретно и модерно, не ги сака кичот и натрупаноста.
„Преокупација ми е да го завршам факултетот, но воедно да не го занемарам својот приватен живот”, ни рече Срна.
Се негува со брендирана козметика, во зависност од тоа што ѝ е потребно, а посетува и салони за нега. Се обидувам колку што можам повеќе, во согласност со работните обврски и слободното време, да си посветам внимание на себеси. Мислам дека секоја жена треба да се труди да изгледа добро, зашто во тоа е и женственоста“, вели Срна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ