недела, 21 април 2024

Маја Илиоска


Објавено на

часот

Сподели

 

Веќе три години е дел од модното студио „Црнокрак“ и за овој период вели дека модните случувања во светот дошле и кај нас. Учествувала на голем број ревии, модни настани и фотосесии, а улогата на модел ја доживува како одлично чувство. „Почетокот на сите е тежок, но со труд и желба се стигнува до посакуваното“, вели Маја Илиоска.

Дали може да се живее од модни ревии и модни настани кај нас?

Како хоби и како задоволство е добро, но сега засега сè уште не сме на тоа ниво.

Со кој фотограф најдобро си соработувала?

Сум имала одлично искуство на модни ревии со Ани Дими, Зоран Темелков и Јанус, но и фотосесии со Зоран Шекеров, Бранко Костески и други, и со сите сум имала успешна соработка.

Која е умешноста во позирањето пред фотообјективот? Кога излегува најубава фотографија?

Умешноста е сигурноста во себе и во она што сте. Само како такви фотообјективот ќе ја препознае убавината во вас и најдобро ќе ја прикаже. Најубавата фотографија, верувале или не, излегува кога најмалку очекувате, а е спој на добар фотограф и модел.

Што те радува најмногу? А што те прави тажна?

Ме радува времето поминато со моите сакани, а тажна сум кога животот ми ги изместува деловите од сложувалката.

Точно ли е дека убавите жени имаат најтешки солзи, како што вели една поговорка?

Не би се согласила, солзите се тешки за секој.

Како се негуваш?


Како и секоја девојка, лосионите и кремите се дел од колекцијата за негување. 

Идол или урнек?
Урнек ми е храброста и стабилноста на една личност од моето семејство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ