недела, 21 април 2024

Комшике убава: Антоанета Крстевска

Објавено на

часот

Сподели

Колку време во неделата посветуваш на нега, односно на самата себеси?

Со оглед на тоа што е летен период, имам помалку обврски и повеќе време да си посветам на самата себе. Буквално секој ден, час до два можам да си одвојам за самата себе.

Кој е според тебе модерниот одговор за справување со стресот?

За мене најдобар одмор и релаксација е музиката. Колку и да сум нервозна, музиката е единственото нешто што успева да ме опушти и да ме расположи. Понекогаш ме опуштаат и разговорот и дружбата со саканите луѓе.

Како дел од Ребис, упатена ли си колку младите девојки денес се расположени за модерен танц?

Интересот за модерен танц е голем кај девојките. Меѓутоа можеби недостига малку повеќе истрајност и посветеност.

Дали од тоа може да се живее кај нас?
За жал, кај нас уметноста не е вреднувана колку што треба да биде и тешко дека некој би преживеал само како танчар.

Кои се твоите професионални амбиции?

Голема желба ми е еден ден да заиграм зад познатите светски музички имиња, или групата од Ребис со која настапувам да биде дел од светска турнеја на некоја музичка ѕвезда.

Кој ти е модел на жена?

Можам да ја издвојам Шакира која ме воодушевува со своите танчарски способности. Таа е мојот пример за успешна жена, зашто воедно е и пејач, текстописец, продуцент, кореограф, модел и танчар. Ме импресионира нејзината професионалност, нејзината кариера изградена со работа, труд и без скандали.

Идеален спорт за летниве горештини?

Во периодот кога редовно имаме проби, доволно ми е неколку пати во неделата да извежбам на мојот орбитрек. Но за време на летниве горештини претпочитам и практикувам возење на велосипед на кеј и во парк, во раните утрински и во вечерните часови.

Кога би била на еден ден премиер на државата, што прво би сменила?

За еден ден како премиер тешко дека нешто би успеала да сменам во државата, еве на пример би влијаела на балетските студија, како што е Ребис, да се одвои дел од буџетот и барем 50 отсто да се финансираат патувањата надвор од земјава на многубројните настапи и натпревари каде што нашето студио со години освојува први места, и со тоа ја промовира и ја претставува Македонија во најдобро светло.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ