вторник, 10 декември 2024

ЗНАМ в четврток ќе избере лидер на партијата и кандидат за претседател

Партијата ЗНАМ (За наша Македонија) на 22 февруари ќе го одржи првиот конгрес кога и ќе се објави нивниот кандидат за претседателските избори.

 

Објавено на

часот

Сподели

На Конгресот, како што рече портпаролот на партијата, Никола Мемов, ќе биде избран претседател, членови на Централниот одбор, членови на Надзорниот одбор, ќе се усвои Статутот на партијата и ќе се утврди предлогот на кандидатот за претседател на Македонија.

Мемов објасни дека по одржувањето на иницијативата за формирање на нов субјект на политичката сцена во Македонија, во ноември 2023 година се одржа Основачко собрание на партијата на кое беше избрано привремено раководство со мандат до одржувањето на првиот изборен конгрес.

Запрашан дали ЗНАМ размислува за предизборно коалицирање на претстојните избори, портпаролот Мемов нагласи дека партискиот став е ЗНАМ да настапи самостојно на претстојните претседателски и парламентарни избори, но конечната одлука ќе ја донесат органите и телата на партијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ