Предлагачи на оваа законска измена се пратениците Бобан Карапејовски, Даниела Белимова, Павле Арсовски и Миле Цеков од ЗНАМ, а од ВМРО-ДПМНЕ се Бојан Стојаноски, Жаклина Пешевска и Тони Јаревски.
Бобан Карапејовски вели дека законското решение е на барање на Царинската управа за поефикасно работење на оваа институција која се соочува со зголемен обем на работа. И пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски вели дека треба да се подигнат перформансите на институцијата.
Директор на Царинската управа е Бобан Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, а негов заменик е Гарип Каба од Вреди. Советник на директорот е Горан Геровски, кој е најсериозниот кандодат за новото замничко место во царината. Тој беше на 13-то место на листата на ЗНАМ во првата изборна единица на последните парламентарни избори.