среда, 16 октомври 2024

Златна камера 300 за оскаровецот Питер Бижу

Објавено на

часот

Сподели

Годинешното 44. издание на фестивалот ќе се одржи од 23 до 29 септември во Битола, а ќе биде отворено со македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ на режисерот Горан Столевски.

На денешната конференција за новинарите директорот на фестивалот, Симеон Мони Дамевски го соопшти добитникот на Златна камера 300 за животен опус. Тој потсети дека оскаровецот Бижу има работено со бројни звучни режисерски имиња од светот на филмот.

„Оскаровецот Питер Бижу, кинематограферот на „Мисисипи гори“, „Трумановото шоу“, „Во името на таткото“, „Штета“, „Пинк Флојд: Sидот“, „Животот на Брајан“, „Временски бандит“, „9 ½ недели“, „Ричард III“ и редица други антологиски филмски остварувања е годинешен добитник на наградата Златна камера 300 за животен опус“, кажа Дамевски.

Бижу има работено со бројни звучни режисерски имиња од светот на филмот како Алан Паркер, со кого се закитија со Оскар во 1988,  за драмата „Мисисипи гори“ со актерскиот тандем Џин Хекман и Вилем Дефо, а со Џим Шеридан, Питер Вир и Луј Мал ги снимија антологиските филмови „Во името на таткото“ со Дениел Деј Луис, „Трумановото шоу“ со Џим Кери и „Штета“ со Џереми Ајронс и Жилиет Бинош.

Тандемската соработка меѓу Бижу и Паркер започна во 1976 година со филмот „Багзи Мелоун“, кога беше лансиран талентот на подоцнежната актерска sвезда Џоди Фостер, а заедно работеа и на антологиското дело од 1982 „Пинк Флојд: Sидот“.

Во плодната кариера на Бижу специфична е соработката и со прославената актерско-сценаристичко-режисерка група Монти Пајтон со чиј култен режисер Тери Гилијам во 1979 Бижу го сними „Животот на Брајан“, бурлескна комедија/пародија за животот на Исус од Назарет, а во 1981 „Временски бандити“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ