понеделник, 14 октомври 2024

ЗК Пелагонија: Двојни стандарди на судот во Битола

Објавено на

часот

Сподели

Ова е уште еден случај што сведочи за недостаток на правна сигурност што го турка ЗК Пелагонија во загуби, се вели во писмената информација на комбинатот.

Основниот суд во Битола во 2019 година, кога ЗК Пелагонија беше во есенска сеидба, дозволи извршување на средства од нивната сметка која беше блокирана повеќе од 60 дена. Основниот суд Битола тогаш не го прифати барањето на ЗК Пелагонија за одлагање на извршувањето и покрај тоа што во тек беше сеидбата на пченицата како стратешки производ на Македонија.

„Во такви околности постоеше опасност извршувањето да влијае на доцнењето на сеидбата како и набавките за наредната година да влијаат на квалитетот на нашето производство. Нејасно е како истиот суд денес во 2023 година постапува сосема обратно од неговата одлука во 2019 година и носи одлука со која го прифаќа барањето за одложување на извршувањето на ЈП Стрежево кон ЗК Пелагонија и тоа во експресен рок од само 30 минути.

Која е методологијата на проценка на Основниот суд во Битола, кој и покрај правосилните пресуди во корист на ЗК Пелагонија и по вторпат носи одлука со која ни се нанесува директна штета. Секоја година ЗК Пелагонија се соочува со сериозни проблеми во оперативното работење предизвикани од несовесното функционирање на ЈП Стрежево. Двојните стандарди на битолскиот суд и непостоењето на правна сигурност се исто така причина за пречките во производството и снабдувањето со основната прехранбена суровина на цела држава“, велат од ЗК Пелагонија.

Во 2015 година ЈП Стрежево имаше големо свлечиште со што се направи огромна штета на пролетните култури на комбинатот. Во текот на сезоната за наводнување системот за наводнување на ЈП Стрежево не функционираше и поради неснабдувањето со вода на ЗК Пелагонија му беше предизвикана штета од 1 милион евра.

Лани на 11 јануари ЗК Пелагонија ја добива пресудата од Апелацискиот суд Битола (ТСЖ-262/21). Таа пресуда Апелацискиот суд Битола (број ТСЖ-85/23) беше потврдена и на 14 јуни годинава.

И покрај потврдата на одлуката во корист на ЗК Пелагонија, не беше активирано  извршување, туку повторно беше понудено плаќање на рати, согласно можностите на Стрежево и потребите на ЗК Пелагонија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ