„Во спомен на Навални, им предлагаме на министрите нашиот режим на санкции во областа на човековите права да го носи неговото име, Навалниев режим на санкции, за неговото име засекогаш да ја следи работата на ЕУ во одбраната на човековите права“, изјави Борел пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки.
Глобалниот режим на санкции на ЕУ за човекови права е механизам на Советот на ЕУ за казнување на лица од земји надвор од Унијата кои се одговорни за сериозни прекршувања на човековите права.
На состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки беше поканета и сопругата на убиениот руски опозициски лидер Јулија Навални.
„Мора да испратиме порака за поддршка на руската опозиција“, рече Борел. „И на политички и на воен фронт, ние мора да продолжиме да ја поддржуваме Украина и рускиот народ кој сака да живее во слобода“, рече Борел.