„На 6 март 2025 година во 15:30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица ,ЈНА се случила сообраќајна незгода, во кое патничко возило пасат со тетовски регистерски таблички, удрило во количка во кое седело петнаесет месечно дете, кое на пешачки премин поминало со неговите родители Е.Х. и Ф.Х. од Тетово, и по незгодата го напуштило место. Веднаш било постапено и по пријавената потрага во 16:30 часот било пронајдено и обезбедено возилото управувано од А.М. од село Шипковица, за понатамошна постапка. Во незгодата со телесни повреди се здобило малолетното дете констатирани во Клиничка болница Тетово“, информира СВР Тетово.
Увид на лице место извршила екипа при СВР Тетово.