Според МВР, во пожарот целосно изгорела дрвната кровна конструкција покриена со лимен покрив, околу 300 бали сено, 500 бали сув тутун, машина за нижење тутун, трактор, патничко возило и делумно изгорено уште едно патничко возило.
„Исто така, од пожарот на помошната просторија оштетена е доградбата на новоизградената куќа во истото дворно место. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Прилеп. Повредени нема. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп“, соопшти МВР.