Обидите за подгревање на меѓуетничките тензии се реалност, реше Тошковски.
„Доколку има такви предизвици во иднина, жестоко ќе одговориме. МВР е подготвено соодветно да одговори на секое дејство што ќе биде насочено кон дестабилизација на државата. Многупати досега во јавноста беше истакнато дека службите во рамките на институционалните форми, кои ги имаме во државата, а се занимаваат со овој тип на надлежност, проследуваа и проследуваат соодветни информации до надлежните раководни органи, а тие беа споделувани соодветно и со премиерот и со претседателката. Сето она што сме го говореле во минатото од аспект на обиди, видовме дел од нив месецов, од аспект на обиди за подгревање меѓуетнички тензии, дека се реалност. Соодветно одговоривме, соодветно ќе одговориме и во иднина“, рече министерот Тошковски.
Од коалицијата Вреди, владин партнер, велат дека обидите за дестабилизација од опозицијата имаат за цел поранешните функционери да се спасат од одговорност.
Од ДУИ засега нема објаснување за нивното поставено прашање – „подготвени ли сте?
Денеска на автопатот Скопје – Тетово се појави транспарент со ликот на Ахмети и испишан текст – „Команданте ние сме подготвени“.
По времената мерка за стопирање на балансерот Али Ахмети, лидерот на ДУИ, повика на протест на граѓаните.