Векиќ со самиот пласман во финалето направи голем успех за неа и за Хрватска, сакаше да дојде и до златниот медал, но Женг беше подобра денеска.
Хрватската тенисерка изгледаше импресионирано на почетокот од самиот настан, Женг го искористи тоа и со убедливи 6-2 го доби првиот сет.
Во вториот се водеше поголема борба, гемовите траеа подолго, но и тој и припадна на Женг, овојпат со 6-3.
Женг испиша и историја, стана првата кинеска тенисерка која победила на Олимписки игри.