вторник, 14 јануари 2025

Жена тешко повредена во сообраќајна несреќа во Битола

На улицата „Македонска фаланга“ во Битола, вчера претпладне се случила сообраќајна несреќа во која 68-годишна жена од Битола се здобила со тешки телесни повреди.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од СВР Битола, несреќата била пријавена на 18 декември 2024 година во 11:07 часот. Патничко возило застава 101 со битолски регистарски ознаки, управувано од 67-годишниот Д.Т. од Битола, удрило во пешакот Д.М.

Повредената жена била пренесена во Клиничката болница во Битола, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

На местото на настанот бил извршен увид од страна на увидна екипа од СВР Битола, а полицијата работи на целосно документирање на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ