На средбата присуствуваа и претставници од Министерството за културa за што во наредниот период, беше најавено, ќе се направат обиди со поддршка од ЕУ да се изврши реконстуркција и да се заштити овој објект, како и повторно да се стави во функција.
„Негрижата за културното наследство доведе до овој степен, објектите кои ни се од културолошка и архитектонска важност да останат незаштитени. Тоа нема да го толерираме. Денешната средба со евроамбасадорот Гир беше токму во таа насока, оштетениот објект на централната зграда на Пошта да го реставрираме и да го заштитиме како објект кој има културна вредност во историјата на Македонија. Тоа нема да е ниту лесен потфат ниту евтин проект. Напротив, ќе треба да се вложи многу енергија, време и пред сѐ стручно знаење како и сериозни средства. Но централниот објект на Пошта е од огромно историско и културно значење за Македонија како еден од најзначајните објекти од времето на брутализмот и мора да биде заштитен во својата основна форма и ставен во функција“, рече Николоски.