Зголемената фреквенција на Табановце се должи главно заради патниците кои се враќаат од годишен одмор во Грција.
Камерата на граничниот премин Богородица покажува дека е намален бројот на туристи кои втората половина од септември ќе ја минат на море.
Од АМСМ велат дека сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.