четврток, 10 октомври 2024

Зеленски верува дека Украина е на пат да се придружи на НАТО

Објавено на

часот

Сподели

Оваа недела видовме добра насока на „движење кон НАТО“, преку новата воена помош на Западот и другите изрази на меѓународна поддршка, кажа Зеленски во своето дневно видео обраќање.

Зеленски се осврна на предлогот на Литванија да ја повика Украина да стане членка на НАТО на самитот на западниот воен сојуз кој ќе се одржи во јули во Вилнус и ѝ се заблагодари на таа земја.

Парламентот на балтичката земја одлучи неделава да побара Украина да се повика да се придружи на сојузот на самитот закажан за 11 и 12 јули.

Москва тежнеењето на Украина да се придружи на НАТО постојано го наведува како една од причините за руската инвазија минатиот февруари.

Минатата година Зеленски се залагаше за „забрзан пристап“ во НАТО, надевајќи се дека Украина ќе добие повластен пристап. САД и други членки на воениот сојуз, како Германија, изразија резерва кон тоа, бидејќи еден од предусловите за влегување е невклученост во меѓународни конфликти.

Зеленски во пораката повика на поддршка на земјите кои допрва треба јасно да се дистанцираат од Русија, оценувајќи дека Украинците се борат за универзални вредности кои им се блиски на сите народи.

„Сите ги ценат безбедноста и заштитата од теророт“, кажа Зеленски, додавајќи дека Русија се „залага за концентрациони логори, депортација на деца, силување жени и палење градови“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ