„Сега е најважна решителноста тоа да се спроведе“, кажа Зеленски во своето редовно обраќање до нацијата.
Според него, „нема и не може да има алтернатива за мирот, нема замрзнување на војната или други манипулации со кои само би се заменила руската агресија“.
Русија со војска упадна во Украина во февруари 2022 година и нелегално окупираше и присвои големи делови од нејзината територија на истокот и на југот.
Во меѓувреме, Украина во август ненадејно упадна во руската погранична област Курск и зазема околу 1.000 квадратни километри територија.
Власти од Киев, кои зависат од оружјето и парите од Западот, бараат од западните земји дозвола со ракети со долг дострел да гаѓаат мети длабоко во Руска територија, што би значело ескалација на конфликтот и негово можно проширување.