Западните медиуми веќе некое време нагаѓаат дека војната во Украина би можела да биде замрзната долж првата линија на фронтот дури и ако Киев не ѝ отстапи територија на Русија. Зеленски во парламентот категорично ја отфрли можноста Украина формално да отстапи територија. „Не се откажуваме од правото на Украина на нејзината територија“, порача тој.
Зеленски во парламентот го претстави планот за зголемување на отпорноста на Украина на рускиот притисок кој е насочен на воени, економски и социјални напори во Украина. деталите ќе бидат објавени во декември.
Украинското оружје е еден од главните гаранти на украинската независност, кажа тој, најавувајќи големи вложувања во вооружувањето.
Планот на Зеленски за Украина следи набрзо по претставувањето на неговиот „план за победа“ на западните партнери на Киев, чија главна точка беше барањето Украина да добие покана за влез во НАТО, кој наиде на студен прием од Западот.