вторник, 8 октомври 2024

Зеленски: Украина ќе добие 42 борбени авиони Ф-16 од Холандија

Објавено на

часот

Сподели

Ветувањето дадено за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Холандија, е првото вистинско ветување за испорака на авионите Ф-16 на украинските вооружени сили. Тоа доаѓа неколку дена откако САД одобрија можна испорака на борбени авиони од Холандија и Данска.

Од почетокот на војната, Украина напорно лобираше кај меѓународната заедница за да ги добие овие авиони и конечно ја надмина американската неодлучност во мај, кога претседателот Џо Бајден ги одобри програмите за обука на украинските пилоти за Ф-16. Тогаш тој се надеваше дека обуката ќе започне „во наредните недели“.

Ф-16 е лесен борбен авион кој првично беше дизајниран во 1970-тите. За прв пат беше воведен во употреба во 1979 година и беше интензивно користен од страна на американските воздухопловни сили во војните во Ирак и во Авганистан. Украина моментално располага со мала воздухопловна сила базирана на советски авиони, но тие не се споредуваат со руските еквиваленти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ