петок, 6 декември 2024

Зеленски: Само оружјето нема да биде доволно за завршување на војната, потребна ни е сила и дипломатија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави синоќа дека силата и дипломатијата мора да одат заедно со цел да се стави крај на војната во Украина и да се осигури дека таков конфликт нема да се повтори во иднина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Нам ни е сосема јасно дека дипломатијата нема перспектива без сила“, рече Зеленски во видео обраќањето. „Но, без целосно разбирање на дипломатските цели, само оружјето нема да биде доволно. Затоа велам дека силата и дипломатијата мора да одат едно со друго“, рече претседателот на Украина.

Ова е единствениот начин да се обезбеди траен мир и да се спречи да се повтори ваков вид на војна што Москва ја води против Киев, додаде тој.

Зеленски повторува дека Украина е отворена за „чесна“ дипломатија. Тој лобираше кај сојузниците на САД и НАТО да го вооружат Киев, а исто така побара од нив да го принудат рускиот претседател Владимир Путин да склучи мир.

Покрај тоа, Украина ги моли своите сојузници да ѝ дозволат да користи западно оружје со долг дострел за да напаѓа длабоко во руска територија и да ја загрози воената инфраструктура на Москва.

Пораките на Зеленски за зајакнување на дипломатските напори доаѓаат откако републиканскиот кандидат Доналд Трамп ја победи проукраинската демократска кандидатка и актуелна потпретседателка Камала Харис на претседателските избори.

Трамп за време на предизборната кампања постојано истакнуваше дека може да ја прекине војната во Украина за еден ден, но не објасни како. Во четвртокот, идниот американски претседател разговараше со Владимир Путин, кого го советуваше да не ја ескалира војната во Украина, која зад себе остави уништени градови и села, илјадници мртви и милиони раселени Украинци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ