Тој се обрати на Светскиот економски форум во Давос: „Украина ќе се бори додека не ја врати својата територија“.
Зеленски порача дека Москва би требало да ги повлече своите војници на линиите пред почетокот на инвазијата на 24 февруари. „Тоа би можел да биде првиот чекор кон преговорите“, кажа, додавајќи дека Русија купува време во преговорите со Киев.
Тој го осуди и недостигот на единството на западните земји околу војната во Украина.
„Моето прашање е: постои ли единство во пракса? Јас не го гледам“, кажа Зеленски, истакнувајќи дека е потребна „поддршка од обединета Европа“.