четврток, 27 февруари 2025

Зеленски поканет на самитот на ЕУ за Украина: „Има нов моментум“

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, го покани украинскиот претседател Володимир Зеленски на вонреден самит на лидерите на ЕУ следната недела, кој ќе биде посветен на Украина и европската одбрана.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Го поканив украинскиот претседател Зеленски во Брисел на состанок на Европскиот совет за да разговара со нас за најновите случувања“, напиша Коста во поканата до лидерите на земјите-членки на ЕУ.

Вонредниот самит, кој ќе се одржи за една недела, ќе им биде исклучиво посветен на Украина и зајакнувањето на европската одбрана.

„Во однос на европската одбрана, мојата цел е да ги продолжам дискусиите на нашиот неформален собир на 3 февруари со цел да ги донесеме првите краткорочни одлуки за да ја направиме Европа посуверена, поспособна и подобро опремена да се соочи со непосредните и идните предизвици за нејзината безбедност“, рече Коста.

Во однос на Украина, „постои нов моментум што треба да води кон сеопфатен, праведен и траен мир“.

„Европската Унија и нејзините земји-членки се подготвени да преземат поголема одговорност за безбедноста на Европа. Затоа треба да бидеме подготвени за можен европски придонес во безбедносните гаранции што ќе бидат неопходни за да се обезбеди траен мир во Украина“, нагласи Коста.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ