Во интервју за Скај њуз Зеленски беше прашан за одговор на медиумските извештаи дека еден од плановите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за завршување на војната би можел да биде Киев да ѝ ги препушти на Москва териториите кои ги зазема во замена за тоа Украина да се придружи на НАТО.
Зеленски кажа дека би можело да се понуди членство во НАТО за неокупираните територии за да се заврши „жешката фаза на војната“, а дека во самиот повик во НАТО членството би морале да се признаат меѓународно признатите граници на Украина.
Ukrainian president @ZelenskyyUa told @ramsaysky NATO membership would have to be offered to unoccupied parts of the country to end the “hot phase of the war”, as long as the NATO invitation itself recognises Ukraine’s internationally recognised borders.https://t.co/yqZZ8aFrwm pic.twitter.com/NuburSX6hw
— Sky News (@SkyNews) November 29, 2024
Изгледа дека прифаќа окупираните источни делови на земјата да бидат надвор од таквиот договор за сега, пишува Скај њуз.
„Ако сакаме да ја сопреме жешката фаза на војната, треба да ја ставиме под чадорот на НАТО територијата на Украина која ја имаме под наша контрола“, кажа Зеленски.
„Треба тоа да го направиме брзо, а потоа (окупираната) територија Украина може да ја врати по дипломатски пат“, додаде тој.
Тој кажа дека е потребен прекин на огнот за да се „гарантира дека (рускиот претседател Владимир) Путин нема да се врати“ да заземе уште украинска територија.
Кажа дека НАТО треба „веднаш“ да го покрие дел од Украина под контрола на Киев, што, како што кажа, на Украина ѝ е „многу потребно бидејќи во спротивно тој ќе се врати“.
До сега Зеленски никогаш немаше кажано дека може да ѝ препушти кој било дел од окупираната украинска територија на Русија, вклучувајќи го Крим, кој Русија го зазема во февруари 2014, и официјално го припои следниот месец.
Една петина од украинската територија е под руска контрола.