Загинатиот пилот Олексиј Мес го загубил животот додека во понеделникот „го одбивал досега најголемиот воздушен напад“ на Русија на Украина, а неофцијално неговиот авион бил погоден од украинската противвоздушна одбрана со американски „патриот“.
„Одлучив да го сменам командантот на военото воздухопловство. Вечно сум и благодарен на нашите воени пилоти“, кажа Зеленски во обраќањето.
Не ја наведе причината за сменувањето, туку спомна дека персоналот мора да биде заштитен и дека командното ниво мора да се зајакне.