среда, 9 октомври 2024

Зеленски: Дури и Белорусија го направи она што Западот не се осмелува, тоа е понижувачки (ВИДЕО)

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги критикуваше западните земји.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Зборувајќи на прес-конференција во Киев, Зеленски изјави дека Западот „премногу се плаши“ да размислува за соборување руски ракети и беспилотни летала насочени кон Украина, и покрај тоа што му помага на Израел да го стори тоа.

„Ако тие заеднички соборуваат ракети и беспилотни летала на Блискиот Исток, зошто сè уште нема слична одлука за заедничко соборување руски ракети и шахед (ирански беспилотни летала) на небото на Украина?“, праша тој.

Зеленски го критикуваше Западот, посочувајќи дека досега само Белорусија успеала да ги собори руските беспилотни летала „шахед“ кои биле насочени кон Украина. „Само Белорусија се истакна со соборувањето руски беспилотни летала. Мислам дека тоа е едноставно понижувачко за силниот демократски свет“, рече тој.

Во април, САД, Велика Британија и Франција помогнаа во соборувањето на иранските ракети истрелани кон Израел. Иран рече дека неговите акции биле одмазда за нападот врз неговиот конзулат во Сирија.

Тие се плашат дури и да кажат „работиме на тоа“, изјави украинскиот лидер.

Неговите коментари доаѓаат кога рускиот лидер Владимир Путин го предупредува Западот дека ако на Украина ѝ се дозволи да користи западно оружје на руска територија, тоа би значело дека земјите од НАТО „директно учествуваат“ во конфликтот.

Зеленски ја повтори својата критика кон западните земји, кои сè уште јавно не и дозволија на Украина да нападне длабоко во Русија со западни ракети со долг дострел, што Киев го бара со месеци.

„Секој кој на мапата гледа каде Русија ги изведува своите напади, каде ги тренира своите сили, ги чува своите резерви, ги лоцира своите воени капацитети и каква логистика користи, јасно разбира зошто на Украина ѝ се потребни капацитети со долг дострел“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ