„Во различни региони на Украина би можеле да направиме многу повеќе за да ги заштитиме животите ако авијацијата на наште европски соседи работи заедно со нашите (ловци) Ф-16 и нашата противвоздушна одбрана“, порача Зеленски на Телеграм.
Украинскиот претседател додаде дека се потребни „решенија“.
„Ако ова единство функционираше така добро на Блискиот Исток, би требало да функционира и во Европа“, додаде тој, а пренесува Франс прес, наведувајќи дека Зеленски веројатно мисли на помошта која на Израел му ја пружаа западните сојузници во одбивањето на воздушните напади.
„Америка, Британија, Франција и други партнери имаат сила да ни помогнат да го сопреме теророт. Потребни ни се решенија“, порача украинскиот претседател.
Според него, Русија денес употребила повеќе од 100 проектили и околу 100 дронови, што е еден од најголемите напади на цели во Украина во последните месеци.