четврток, 12 декември 2024

Зелена транзиција за економски раст, енергетска независност и долгорочна заштита на природните ресурси

Европа долги години е лидер во глобалната борба против климатските промени, активно работејќи кон остварување на целите на зелената транзиција и намалување на емисиите на јаглерод диоксид. Европската Унија постави цели во согласност со Агендата 2030, според која Европа треба да стане првиот климатски неутрален континент до 2050 година, со амбиција да се намалат емисиите за најмалку 55% ​​до 2030 година. Овој потфат претставува и еколошка и економска трансформација со голем број можности за раст и развој на земјите-членки на ЕУ, како и на земјите од регионот на Западен Балкан, како што е Македонија, кои сé повеќе се вклучени во оваа транзиција.

Објавено на

часот

Сподели

Зелената транзиција нуди огромни можности во форма на економски раст, зголемена енергетска ефикасност, отворање нови работни места, енергетска независност и долгорочна заштита на природните ресурси. Некои европски земји веќе постигнаа значителен напредок во оваа насока.

Данска, на пример, веќе произведува околу 50% од својата електрична енергија од обновливи извори, особено од ветерници, и има амбиција да постигне климатска неутралност до 2030 година. Германија, како најголема економија во ЕУ, постави цел целосно да ја укине употребата на јаглен до 2038 година и да го зголеми уделот на обновливите извори на енергија. Шпанија е исто така пример за успех, бидејќи во последните години многу инвестираше во соларни електрани, кои во моментов претставуваат значаен дел од нејзиниот енергетски систем.

Европската Унија работи на интеграција на земјите-членки, како и на кандидатите за членство, во заеднички систем за борба против климатските промени. Сепак, секоја земја има свое темпо и предизвици, поради што е неопходно земјите како оние од Западен Балкан, кои сè уште се зависни од јаглен, да ги приспособат своите енергетски системи за да станат поодржливи.

Македонија последниве неколку години силно чекори кон зелената транзиција со цел да се позиционира како регионален лидер во одржливиот развој и грижата за животната средина, притоа имплементирајќи ја транзицијата кон ниско јаглеродна економија и обезбедувајќи раст. Во моментов во земјата има над 700 MW капацитети што произведуваат струја од сонце и со ваква бројка капацитетот на централи кои го кристат сонцето се изедначи со оној што го имаме во хидроцентралите. Многу скоро капацитетот од ОИЕ (обновливи извори на енергија) драстично ќе се зголеми со оглед на најавите за изградба на соларниот парк „Стипион“ на француската компанија „Акуо енерџи“ која треба да биде со инсталиран капацитет од 360 до 400 мегавати и годишно производство од околу 650 гигават-часови електрична енергија.

Компанијата „Акуо енерџи“, која е формирана во 2007 година во Франција, денес е еден од водечките независни производители на обновлива енергија на глобално ниво. Со повеќе од 15 години искуство, компанијата е специјализирана за развој, финансирање, изградба и управување со проекти за обновливи извори на енергија, со посебен фокус на проекти за соларна енергија, ветер, хидроенергија, биомаса и иновативни хибридни системи.

„Акуо енерџи“ денес е активна на неколку континенти и е присустна во над 15 земји, меѓу кои во Франција, САД, како и Полска и Хрватска каде „Акуо“ учествува во развојот на соларни и ветерни фарми во согласност со целите на ЕУ за енергетска транзиција. Најзначаен проект на компанијата секако е изградбата на O’MEGA1 – првата соларна фарма со интегрирано складирање на енергија во Европа. Овој проект се наоѓа во регионот Прованса-Алпи-Азурен брег во Франција и е еден од првите европски проекти што комбинира производство и складирање на соларна енергија. Со тоа се овозможува поголема стабилност во мрежата и поефикасно користење на произведената енергија.

Меѓу позначајните проекти треба да се спомнат и големиот соларен проект во Тексас, САД, кој обезбедува значителна количина на енергија за локалното население и придонесува за напорите на САД за транзиција на чиста енергија, како и паркот Флорида II во Уругвај, каде што „Акуо“ управува со фарма на ветер со капацитет од околу 50 MW. Компанијата со проектот „Акуо агроенерџи“ во Франција кој ги интегрира земјоделството и обновливите извори на енергија, е пионер во областа на агросоларната енергија, каде земјиштето се користи за производство на храна и енергија во исто време.

Зелената транзиција претставува можност за земјите како Македонија да преземат клучни чекори кон климатската неутралност и модернизација на енергетскиот сектор, а од поддршката од лидери како „Акуо енерџи“, земјата може да има значителна корист и помош во остварувањето на зацртаните цели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ