Се очекува Челси во скоро време да го потврди Френк Лампард за привремен тренер до крајот на сезоната, а паралелно се водат преговори со неколку имиња за долгорочен проект.
Луис Енрике беше во Лондон на разговори и се пишува дека поранешниот тренер на Барса ги импресионирал челниците на Челси, а позитивни преговори биле одржани и со Јулијан Нагелсман.
Како што пренесува Индипендент, во Челси размислуваат и за шокантно враќање на Антонио Конте, веќе се остварени контакти со Италијанецот и следната недела може да има средба.
Антонио Конте е последниот тренер кој на „сините“ им ја донесе титулата во Премиерлигата, но разделбата беше болна, двете страни завршија на суд и стратегот доби компензација од 26,6 милиони фунти, односно рекордна сума.