среда, 4 декември 2024

Заштитните маски не се доволна заштита од загадувањето во Скопје

Скопје деновиве повторно е на листите на најзагадени градови во светот. Воздухот е загаден и во други градови, а граѓаните апелираат надлежните да преземат соодветни мерки.

Објавено на

часот

Сподели

Попладнево на листата на „ајкјуер“ (IQAir), Скопје е на 23-то место, а според нивните мерења се оценува дека воздухот не е доволно здрав за чуствителни категории граѓани.

Вчера изутрина главниот град се најде меѓу првите десет најзагадени градови во светот. Според листата на „ајкјуер“,  воздухот е опасен за дишење, а индексот на загаденост е 153. На истата листа, Скопје беше рангиран како шестти најзагаден град во светот по Лахор во Пакистан, Њу Делхи во Индија, Багдад во Ирак, Техеран во Иран и Ташкент во Узбекистан.

Докторката Лилија Чолакова Дервишова, претседател на Здружение на приватни лекари, во изјава за МИА рече дека секоја година е исто, а луѓето мора да одат на работа, да се движат. Според неа, воздухот е загаден поради зголемениот број возила и густо населените места, а индустриските објекти треба да бидат подалеку од населените места. Заштитните маски не можат многу да помогнат кога е во прашање загадениот воздухот.

„ Системски е проблемот. Значи, државата мора прво да ги растерети големите градови. Мора да има децентрализација на главните институции, амбасадите… Не може сѐ да е во Скопје. Сите бараат добри плати, се селат во Скопје, но, едноставно, Скопје се гуши“, вели докторката Дервишова Чолакова.

Незадоволните граѓани покрај загадениот воздух, се жалат и на непочитување на мерките во некои ресторани и кафеани, каде е дозволено да се пуши во затворено, па велат дека нивното здравје дополнително се влошува.

Министерот за животна средина, Изет Меџити пред неколку дена изјави дека загадувањето е комплексно прашање кое не може да се реши со една мерка, туку со повеќе мерки.

„Со комплексот на мерки кои ги преземаме полека, но сигурно ќе влијаеме да има почист воздух и почиста животна средина“, порача Меџити

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ