вторник, 10 декември 2024

Запрено незаконско градење во струшката чаршија на барање на Левица

По барање за вонреден инспекциски надзор, поднесен од пратеничката на Левица, Јована Мојсоска, овластен градежен инспектор констатира дека објект во самиот центар на градот, во старата струшка чаршија, се гради незаконски и спротивно на Законот за градење.

Објавено на

часот

Сподели

Инспекторот издаде решение за запирање на градбата и издаден е рок за усогласување од страна на инвеститорот.

Левица и претходно алармираше дека инвеститорот узурпира и земјиште во сопственост на државата, но од Државното правобранителство засега нема реакција – иако токму овој орган е надлежен да ги застапува и брани интересите на државата.

Левица апелира ОВР – Струга веднаш да иницира постапка за кривично дело „бесправно градење“ и ОЈО Струга да поднесе обвинителен акт. Ја известуваме јавноста дека Левица ќе продолжи да го следи овој случај, со цел да не се забошоти и повторно да никне уште една дивоградба во срцето на старата струшка чаршија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ