среда, 11 декември 2024

Започнува двегодишната акција за садење 800.000 садници во Македонија

Во општина Липково во билизина на филтер-станицата денеска првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, ќе ја започне акцијата на садење дрвца, како дел од проектот за пошумување на деградирано земјиште на екстремно неповолни терени, со вкупна површина од околу 400 хектари во целата држава.

Објавено на

часот

Сподели

Целта на акцијата е обновување на шумскиот фонд, заштитување на  почвата од ерозија во близина на еден важен капитален стратешки објект, како што е Липковското езеро,  преку кој се обезбедува водоснабдување на оваа општина.

Активноста се спроведува во рамки на проектот кој е финансиски поддржан од Глобалниот еколошки фонд ГЕФ 6, со вкупна вредност од 500 илјади долари, а се спроведува од Министерството за животна средина и просторно планирање со поддршка од Програмата на Обединетите Нации за животна средина (УНЕП).

Садењето на 800 илјади садници, наредниве 24 месеци, како што соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе се одвива заедно со Јавното претпријатие ,,Национални шуми” вкупно во пет локации во Македонија: во околината на Липковско Езеро, село Страчинци, Свети Николе, Демир Капија и Гевгелија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ