„Преглед бил извршен и на 54 моторни возила и два мотоцикли. Лишени од слобода биле четири лица по член 215 од Кривичниот законик. Констатирани биле три прекршоци од Законот за оружје, а едно лице било приведено бидејќи било барано со судска наредба“, информираа од МВР.
Оттаму велат дека засиленото полициско присуство за безбеден град Скопје продолжува и во наредните денови.