Првата епизода веќе е достапна на Јутјуб каналот на Комората. Во неа претседателот Азески разговара со Иво Јанкоски, сопственик на продукцијата куќа „Трето уво“, кој воедно е креатор и продуцент на серијалот. „Бизнис клуб“ е заеднички проект на Стопанската комора на Македонија и Трето уво.
Секој четврток во 12 часот ќе има ново издание на поткастот. Во секоја епизода Азески ќе разговара со влијателни бизнисмени, основачи на компании, претприемачи и инвеститори кои имаат големо искуство и конкретен придонес за развојот на македонската економија. Секој од овие гости, низ своето уникатно искуство и експертиза, ќе даде вредни согледувања за деловниот амбиент, промените во глобалната економија и конкретните предизвици и можности за македонскиот приватен сектор.
Поткастот „Бизнис клуб“ претставува одлична можност за сите оние кои сакаат да го разберат подобро локалниот и глобалниот економски контекст и да научат од искуствата на најуспешните бизнисмени.