недела, 19 јануари 2025

Започна исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека исплатата на правата од социјална и детска заштита за ноември е започната вчера, 5 декември, а продолжува и денеска. Со исплатата се опфатени правата од социјална заштита гарантирана минимална помош, додаток за домување, траен надомест, еднократна парична помош, право на социјална сигурност за старите лица-социјална пензија, парична помош за азиланти-домување и цивилна инвалиднина.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од Министерството, исплатата е во тек и за правата од детски заштита – гарантиран детски додаток, посебен додаток, родителски додаток за трето дете, родителски додаток за четврто дете, единствен родителски додаток, паричен надомест за образование-студирање и еднократна парична помош за новороденче.

-Министерството за социјална политика, демографија и млади дополнително ќе ја извести јавноста за датумот на исплата на преостанатите права од социјална заштита (надомест за помош и нега од друго лице, надомест заради попреченост, надомест за сместување во згрижувачко семејство), која ќе биде реализирана во текот на месецов, информираат оттаму,

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство заклучно со 5 декември 2024 година.

Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата се спроведува во две групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа на 5 декември 2024 година беа исплатени оние чии презимиња почнуваат на буквите А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ, а денеска се исплаќаат оние чии презимиња почнуваат на буквите М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ