Како што беше истакнато на климатската сесија предводена од климатологот Олександра Хераскина, Извештајот на Светската метеоролошка организација (СМО) потврди дека 2023 година била најтопла година досега со просечна глобална температура блиску до површината на 1,45 степени целзиусови над основната прединдустриска линија.
Прикажувајќи ја споредбата помеѓу климатските ризици и ранливоста меѓу Западен Балкан и земјите од ЕУ, Хераскина истакна дека топлотните бранови низ овој регион, вклучително и Македонија, се очекува да се зголемат по интензитет, времетраење и фреквенција, веројатно за шест до осум пати годишно.
„Но, од друга страна, климатските промени се двигател за меѓусебно поврзани социјално-економски безбедносни ризици, бидејќи екстремните временски настани и исцрпувањето на подземните води доведуваат до продуктивност на трудот, социјалната фрагментација, вода, храна, како и предизвици за енергетска безбедност и сиромаштија што е тесно поврзана со зголемените трошоци за живот и понатаму со политичката нестабилност и насилни конфликти. Човековото здравје е под огромно влијание на сето тоа, па оттука сѐ повеќе работи поврзани со климатските промени ставаат стрес на менталното здравје“, додаде Хераскина.
Д-р Виолета Булц истакна дека затоа холистичкиот пристап е задолжителен, а климатските промени треба да бидат адресирани во сите можни области, вклучително и енергетскиот сектор каде што инфраструктурата е особено загрозена.
„Имајќи го во предвид и здравјето на луѓето, дрвјата и зелените површини се клучен аспект во урбанистичкото планирање бидејќи треба да се изгради целата инфраструктура имајќи ги предвид климатските промени“, додаде таа.
На работилницата беше истакнато и дека Македонија историски се потпира на јаглен за производство на електрична енергија, но земјата прави значителни чекори во транзицијата кон обновливи извори на енергија за намалување на емисиите на јаглерод и зголемување на невниот удел.
„Значајни проекти вклучуваат изградба на соларни централи од големи размери, како што е Осломеј со моќност од 10 мегавати изградена на местото на поранешн рудник за јаглен. Оваа транзиција не само што ги намалува емисиите на стакленички гасови, туку и ја подобрува климатската отпорност преку диверзификација на изворите на енергија. Со намалувањето на зависноста од јаглен, Северна Македонија е помалку ранлива на нарушувањата предизвикани од настани поврзани со климата, како што е недостигот на вода што влијае на јагленот и хидроцентралите. Од друга страна, обновливите извори на енергија, особено соларната, се препознаваат како сектор кој создава работни места и промовира одржлив економски раст во земјата, па и пошироко во регионот“, се наведува во соопштението на Еко-Свест.