Оваа промена не само што го исклучува гласот на јавноста, туку и претставува закана за нашето јавно добро, велат од Гоу грин.
„Со оваа измена, ќе се овозможи уништување на јавни простори и непочитување на постоечките квалитетни законски решенија. Дополнително, изградбата на гаражи за автомобили ќе го зголеми бројот на возила на улиците, наместо да се поттикне користење на алтернативни и еколошки превозни средства“, регираат од Гоу грин.