среда, 9 октомври 2024
Прес-конференција на Демократско движење

Заими: Владата да донесе одлука државата да ја плати замената на личните документи

Објавено на

часот

Сподели

„Промената на документите за идентификација, патните исправи, возачките дозволи и регистарските таблички на возилата, која беше наметната поради промената на името на државата, стана тежок товар за граѓаните, кои веќе се исправени пред ѕидот од економската криза, која се продлабочува. Ова условување ги натера граѓаните со право да реагираат, бидејќи имаат валидни документи и не се тие виновни што бил договорен рок за издавање на нови документи“; рече Заими.

Тој нагласи дека Демократското движење предлага, а тоа е рече природно така да се направи,  трошоците за оваа „операција“ да бидат на товар на самата држава.

„Владата мора да одобри одлука за ослободување на граѓаните од дополнителни трошоци, а за оние кои веќе извадиле документи, да најде форма парите да им се надоместат. Граѓаните, од кои огромното мнозинство се на работ на економска и социјална катастрофа, најмалку се виновни за создавањето на оваа неповолна ситуација“, рече Агрон Заими.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ