среда, 11 декември 2024

Захарова: Неблагодарните Германци забораваат кој им помогна да се обединат

Германија ѝ возврати на Русија со „длабока неблагодарност“ во вид на испорака на оружје на Украина, кое се користи за убивање на оние кои некогаш помогнаа земјата да се обедини, а воедно придонесува на растот на фашизмот и нацизмот во Украина, изјави портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Германците треба да знаат дека Русија беше „за“ и дека придонесе за обединување на нивниот народ. Тие тоа го платија со длабока неблагодарност, со испорака на оружје на Украина, со кое се убиваат оние кои помогнаа да се обединат, придонесувајќи на растот на нацизмот, неонацизмот и фашизмот во Украина“, кажа Захарова за Спутник.

Таа напомена дека Германија сега за свои сојузници ги смета оние кои некогаш беа против нејзиното обединување, како Франција и Британија.

Во септември 1990 година, со учество на Западна и Источна Германија, како и СССР, САД, Франција и Британија, беше потпишан Договорот за конечно решение во однос на Германија, со кој беа утврдени надворешнополитичките услови за обединување на таа земја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ