Таа потсети дека процесот на мирно решавање на конфликтот во Украина е одреден, меѓу другото, од руските безбедносни гаранции.
Захарова сите заинтересирани за ова прашање ги посоветува да го „прочитаат уставот на Руската Федерација“.
„Конститутивните ентитети на Русија не можат да бидат предмет на преговори“, кажа Захарова.
Претходно претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган истакна дека Анкара ја поддржува независноста и суверенитетот на Украина и дека Крим би требало да се врати под контрола на Киев.
„Нашата поддршка на територијалниот интегритет, суверенитетот и независноста на Украина е непоколеблива. Враќање на Крим во Украина е барање во согласност со меѓународното право“, оцени Ердоган.