недела, 13 октомври 2024

Загина жена на електричен тротинет во Прилеп

Почина жена во Прилеп откако управувајќи електричен тротинет, била удрена од патничко возило марка мерцедес со прилепски регистарски ознаки.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од МВР, на 12 септември во 15.11 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.Трајко Николоски во Прилеп, патничко возило мерцедес со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Д. (47) од Прилеп, удрило во електричен тротинет, управуван од В.П. (60) од Прилеп.

Во несреќата, В.П. добила со тешки телесни повреди и била пренесена во Градската болница Прилеп, каде што во 17.45 часот починала.

Од МВР потенцираат дека увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ