Според информациите на СВР Тетово, 61-годишниот пешак од тетовско Теарце бил удрен од возило управувано од 25-годишен возач од Камењане.
„Во 12:15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на булевар Маршал Тито во Тетово, патничко моторно возило фолксваген голф со тетовски регистарски ознаки управувано од Ф.А. (25) од тетовско Камењане, удрило во пешак Р.Р. (61) од Теарце, кој од здобиените повреди починал на местото. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош“, информираше СВР Тетово.
Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.