среда, 9 октомври 2024

Зад нас е вториот најтопол март во светот во историјата на мерењето на температурата

Објавено на

часот

Сподели

Европската просечна температура беше за 0,86 степени Целзиусови повисока во споредба со референтниот период (1991-2020), но март оваа година не се рангираше меѓу десетте најтопли во Европа во комплетниот запис на податоци почнувајќи од 1940 година. Март 2023 година беше за 1,3 степени поладен отколку најтоплиот март до сега, март 2014 година.

На глобално ниво, единствениот потопол март од март 2023 година беше март 2016 година, за само 0,11 степени Целзиусови. Март 2017, март 2019 и март 2020 година имаа слични температурни просеци како и месецот зад нас.

Како што се наведува во соопштението, во јужна и централна Европа се забележани натпросечни температури, додека спротивно било во северна Европа. Во голем дел од Северна Африка, југозападна Русија и Азија било значително потопло од вообичаено, а се измерени и многу рекордно високи температури.

Слична ситуација имало и во североисточниот дел на Северна Америка, Аргентина и соседните земји, Австралија и брегот на Антарктикот.

Од друга страна, постудено од вообичаеното време е забележано на запад и во централните региони на Северна Америка.

Но, порастот на температурата ширум светот не е единствената забележана последица од климатските промени во изминатиот период. Сателитските снимки покажуваат дека обемот на мразот на Антарктикот бил втор најнизок во март откако се води евиденција, паѓајќи за 28% под просекот. Ова уследи по рекордно нискиот обем во текот на февруари.

Во незавидна состојба е и Арктикот. Морскиот мраз во таа област бил за четири отсто помал во донос на просекот за март. Па, месецот зад нас е четвртиот март меѓу оние со најмал обем на морски мраз на Арктикот.

Постои консензус меѓу различните бази на податоци дека периодот по 2015 година е потопол од кој било претходно и дека просечната глобална температура од доцните седумдесети години на минатиот век порасна за 0,2 степени во текот на една деценија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ