вторник, 8 октомври 2024
Во Тетово

Зад градоначалникот Касами се вееше „голема Албанија“, тој вели: Првокациите создаваат одговор (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Општина Тетово се занимава со обврсите да инвестира во градот, а другото е акција и реакција, акција на Владата и на партиите од власта кои ги диригираат правните институции и пуптија пријави против мене и Општината, иако немаше потреба за тоа. За жал многу брзо државните органи презедоа мерки. Ако правните институции беа агилни и во други ситуации кога луѓе изгореа во болници или лежат неопреавдано во затворе, немаше да се занимаваат со вакви минорни рабопти. Но тие сакаат да се занимаваат со мене зашто не им е во интерес мојата работа. Поради ваквите закани луѓето се веќе убедени дека промена на власта мора да има. Знамето и мапата нема врска со Општината, сите знаеме дека протоколите што беа за време на посетата на косовскиот премиер беа според државните закони. Затоа порачувам, државата да не провоцира, затоа што ќе има соодветен одговор“, изјави Касами како одговор на новинарското прашање: зошто е поставена мапа на „голема Албанија“.

Во однос на поканата за суд што тој и Општината ја добија поради веењето на знаме на голема Албанија за време на посетата на косовскиот лремкиер, Касами рече дека тој во суд нема да оди.

„Имам работа и немам време за одење во суд,. Знаат каде сум и може да направат како што сакаат“, рече градоначалникот и лидер на Движењето Беса, Биљал Касами.

На видеото што го објави Слободен печат може да се слушне и изјавата на Касами.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ