среда, 16 октомври 2024

За велигденските празници посебен сообраќаен режим во Скопје

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, денеска во периодот од 18:00 часот па до завршување на манифестацијата „Воскресение Христово – Велигден“, во центарот на град Скопје за сообраќај ќе бидат затворени следните крстосници: бул. „Партизански одреди“, од раскрсницата со ул. „Френклин Рузвелт“ до раскрсницата со бул. „ВМРО“ и бул. „Св.Климент Охридски“, од раскрсницата со бул. „Илинден“ до раскрсницата со ул. „Димитрие Чуповски“.

„Возилата од јавниот градски сообраќај (автобусите) кои што поминуваат преку мостот „Гоце Делчев“ ќе се движат по бул. „Илинден“ и преку ул. „Френклин Рузвелт“ и ќе се приклучуваат на бул. „Партизански одреди“, додека автобусите кои што поминуваат преку центарот на градот ќе се движат по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, пото по ул. „Френклин Рузвелт“ и ќе се приклучуваат на бул. „Партизански одреди“. Истите сообраќајници ќе ги користат и автобудите кои сообраќаат во спротивна насока“, посочуваат од МВР.

Исто така, како што се посочува во соопштението на Министерството, во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе се затвори ул. „Македонска војска“, пред црквата „Свети Петар и Павле“, на потегот од крстосницата со бул. „Партизански одреди“ до ул. „Ѓорче Петров“.

Во општина Аеродром, пак, по потреба, за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон село Лисиче. Доколку се појави потреба, за сообраќај ќе бидат затворени и други сообраќајници околу верските објекти.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ