Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат пријавено обработлива земјоделска површина со лозови насади, а оствареното производство на грозје го предале во регистриран откупувач, вклучително и произведеното грозје за сопствениот преработувачки капацитет или производството го користеле за сопствено потреби и продажба на пазар.
Висината на директните плаќања, како што велат од МЗШВ, се зголемува за 8.400 денари по хектар во однос на утврдената висина на директните плаќања од подмерката 1.11.