Денешните натпревари во Серија А донесоа нови изненадувања, најлошо помина Наполи, кој загуби со 3-0 на гостувањето кај Верона.
Роча Ливраменто го отвори резултатот на стартот од второто полувреме, Москера зголеми на 2-0 во 75. минута, а далбоко во судиското надополнување, истиот играч ги постави конечните 3-0.
Па Антонио Конте имаше кошмарно деби на клупата на „наполитанците“ и за прв пат во својата карира го загуби првиот натпревар во сезоната во Серија А.
Рома исто така потфрли и одигра само 0-0 на гостувањето кај Каљари, а без победник заврши и „Дал-Ара“, Болоња ремизираше 1-1 против Удинезе.
Сигурен беше само Лацио, но и „бјанкочелестите“ лошо го започнаа натпреварот против Венеција, гостите поведоа веќе во 3. минута со голот на Андесен.
Сепак, Кастељанос изедначи на 1-1 по десетина минути игра, а пред крајот на првиот дел Закањи од пенал ги донесе домаќините во предност од 2-1.
Во финишот од мечот, Алтаре си постигна автогол и ја предвреме ја потврди победата на Лацио.