вторник, 8 октомври 2024

За пропустите со свадбарите на Гаши и со Рамадани сменет е началникот Наим Рамука

Наим Рамука е сменет од началник на Рeгионалниот центар за гранични работи Север. Во образложението за неговата смена се наведуваат пропустите на полицијата на граничниот премин Блаце за бегството на Косоварот Блерим Рамадани кој се бараше за воени злосторства и за пропуштањето на свадбарите на Африм Гаши.

Објавено на

часот

Сподели

Нов началник е Маја Темелкова Сотирова.

Минатата недела МВР соопшти дека и против шест полициски службеници е поведена дисциплинска постапка за случајот кога делегацијата предводена од претседателот на Собранието Африм Гаши на 17 август годинава помина на граничниот премин Блаце. „Откако делегацијата, во која како носител се јавува претседателот на Собранието, ја поминува државната граница на граничниот премин Долно Блаце на лентата за излез број 1, по неа поминуваат шест цивилни возила, кои во меѓупросторот на граничните премини ѝ се приклучуваат на делегацијата“, соопшти МВР. При поминувањето на границата не била извршена контрола на патниците и возилата.

Рамука е осомничен дека лично, заедно со вработени во Општина Чаир, го пренеле преку граница бегалецот Блерим Рамадани, баран со потерница од Интерпол. Рамадани беше во домашен притвор, по што беше објавено дека истиот ја напуштил територијата на Македонија, а во Косово тој бил пречекан како херој. Рамадани  бил пренесен преку царинскиот терминал на Блаце.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ