вторник, 15 октомври 2024

За премиерот Џафери, хашките случаи се завршена работа

Техничкиот премиер Талат Џафери денеска изјави дека „законите се донесени и приказната е затворена“, одговарајќи на новинарско прашање во однос на препораката на Советот на Европа (СЕ)  за отповикување на Законот за амнестија од 2011 и процесирање на четири Хашки случаи. МКД.мк веќе пишуваше дека Советот на Европа ѝ порача на македонската власт дека без цврста осуда на злосторствата од минатото не може да се гради мирно демократско општество и препорача да се преотворт и да се истражат досиејата од четирите таканаречени хашки случаи кои пред речиси дваесет години Трибуналот во Хаг ги врати во надлежност на македонското судство.

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа е завршена работа во контекст на она што е законодавство и состојбата во државата. Завршена е таа приказна, законите се донесени“, изјави кратко Џафери одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Студентскиот дом во Тетово, придружуван од министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

МКД.мк веќе пишуваше дека Советот на Европа ѝ порача на македонската власт дека без цврста осуда на злосторствата од минатото не може да се гради мирно демократско општество и препорача да се преотворт и да се истражат досиејата од четирите таканаречени хашки случаи кои пред речиси дваесет години Трибуналот во Хаг ги врати во надлежност на македонското судство.

Партијата Демократски сојуз (ДС) до Уставниот суд во петокот поднесе иницијатива за отстранување на правните пречки со што ќе може да продолжи постапката по четирите Хашки случаи, Водство на ОНА, Липковско Езеро, Гробницата Непроштено, и Мавровски работници.

Со иницијатива на лидерот на ДС, Павле Трајанов, се бара поништување на Автентичното толкување на член 1 од Законот за амнестија, со кое се запре постапката за четирите Хашки случаи.

Според Трајанов, ова толкување е спротивно на Уставот, Кривичниот законик и на  Женевските конвенции, со кои е дефинирано дека злосторствата против цивилите не застаруваат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ