Тошковски рече дека сите се млади лица, а еден од нив е и малолетник. Еден од нив е фатен како го пали македонското знаме, а еден како го симнува знамето. Останатите четири лица кои се приведени се уапсени затоа што учествувале во тепачка.
„Уште еднаш сакам да упатам порака до сите оние кои се на ум да предизвкаат било какво сценарио за дестабилизација на државата. Жестоко и сурово ќе одговориме на ваквите обиди. Полицијата е спремна, зрела и професионална да одговори на сите предизвици“, рече Тошковски.
Во текот на вечерта, како што посочи, целосно се расветлени повеќе случаи, дел се решени делумно, а во голем дел од случаи полицијата ќе постапува и следните денови.
Тошковски ги повика сите оние кои имаат информации за вчерашните инциденти да ги достават до Министерството за внатрешни работи.