сабота, 14 декември 2024

За нецела година над 100 илјади македонски државјани го користеле аеродромот во Тирана

Сѐ поголем број македонски државјани ги користат услугите на меѓународниот аеродром во Тирана, Албанија од каде моментно може да се патува на 129 директни дестинации. Тоа го потврдува и бројката од над 100 илјади македонски државјани кои пристигнале или отпатувале кон некоја од многубројните дестинации што сообраќаат од овој аеродром.

Објавено на

часот

Сподели

како што пренесува МИА, овој аеродром претставува единствениот меѓународен аеродром во регионот, со широка покриеност и многу пристапни цени. Него се повеќе го користат и граѓани од Црна Гора и Косово. Во периодот јануари – ноември регистрирани се 800 илјади косовски и 200 илјади црногорски државјани.

Повикувајќи се на медиумите во Албанија, МИА пишува дека на 9 декември на тиранскиот аеродром слетал десет милионитиот патник за 2024 година.

„Под раководство на Кастрати Груп, единствениот акционер на Меѓународниот аеродром во Тирана и во соработка со Управата за цивилно воздухопловство, интензивно се работи за да се одговори на растечките барања на патниците и во исто време постојано да се зголемува опсегот на дестинации“, информираат аеродромските власти.

Од таму најавуваат дека по нова година се очекува да биде воспоставена директна авионска линија Тирана-Њујорк.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ